Facebook и Instagram ќе бидат со пари

Компанијата сака да наплати околу 10 евра месечно на корисниците за користење на Instagram или Facebook

Facebook и Instagram ќе бидат со пари

Meta планира да им понуди на корисниците на Facebook и Instagram во Европа опција за плаќање без реклами на социјалните медиуми како начин да се спроведат строгите правила за приватност на податоците во Европа, извести Wall Street Journal (WSJ) во вторникот.

Компанијата сака да наплати околу 10 евра месечно на корисниците за користење на Instagram или Facebook без реклами, известува весникот.

Додавање на повеќе сметки би чинело 6 евра секоја.

Цените за мобилни уреди би биле поголеми, во приближно 13 евра месечно, бидејќи треба да се земат во предвид провизиите наплатени од апликациските продавници на Apple и Google за плаќање на апликациите.

Meta, се надева да ги воведе платените претплати во иднина како начин да се спроведат правилата за приватност на податоците на Европската Унија.

Meta би дале на корисниците избор меѓу продолжување на користење на платформите со реклами или плаќање за верзијата без реклами, вели WSJ.

"Meta верува во вредноста на бесплатните услуги кои се поддржуваат со персонализирани реклами", рече компанијата во изјава до Associated Press.

Сепак Meta мора прво да добие согласност  за прикажување на реклами на корисниците и сеуште не е јасно дали регулаторите на ЕУ ќе го одобрат планот.